• среда, 27 ноември 2024

Брендан Фрејзер се врати во полна слава по сексуалната злоупотреба и повлекувањето од светската сцена

Брендан Фрејзер се врати во полна слава по сексуалната злоупотреба и повлекувањето од светската сцена

Лос Анџелес, 13 март 2023 (МИА) - Брендан Фрејзер ја почна својата кариера во 90-тите, а прва голема улога му беше онаа во филмот „Калифорнискиот човек“ (California Man) од 1992 година. Неговата улога во „Џорџ од џунглата“ (George of the Jungle) во 1997 година го лансираше меѓу ѕвездите. Во 2000 година глумеше со Елизабет Харли во комедијата „Заслепен од ѓаволот“ (Bedazzled), па во три филма од серијалот „Мумија“. Американскиот глумец ноќеска го освои „Оскарот“ за најдобар глумец, за филмот „Кит“ (The Whale)...

- Почнав да се занимавам со овој бизнис пред 30 години. Работите не ми доаѓаа лесно, но имаше и предност што ја ценев во тоа време, сѐ дури не ја снема... Сакам само да ви кажам благодарам за ова признание!, изјави емотивно Фрејзер на сцената откако оскаровките Џесика Честејн и Хали Бери му го доделија „Оскарот“.

Но, на врвот на својата кариера, Фрејзер се повлекол поради, како што вели - инцидент со поранешниот претседател на Здружението на странски новинари во Холивуд, Филип Берк. Во една прилика јавно опиша како Берк сексуално го нападнал во хотел во Беверли Хилс, и подробно, без никакви задршки го раскажа тоа.

- Тој ме фати за задникот со левата рака, а со неговиот прст го допре делот меѓу ректумот и пенисот. И ја движеше раката. Се чувствував лошо. Се чувствував како мало дете. Како да имав „топка во грлото“. Мислев дека ќе заплачам, појасни глумецот.

Тој настан, според кажувањата, го принудил да се повлече од јавниот живот и оти се чувствувал непожелен.

Fraser looking to the camera, wearing a suit

Покрај случката со Берк, Фрејзер имал и неколку операции, како и речиси седум години поминати во болница поради здравствените проблеми со 'рбетот. Имаше и проблеми со колената и гласните жици.

Сепак, омилениот американски глумец денес, сега се врати во полна слава, освојувајќи ја најпрестижната статуетка во светот на филмот. Инаку, уште во септември лани, тој го привлече вниманието на Филмскиот фестивал во Венеција со пофалбите за улогата во „Кит“ на Дарен Аронофски. По премиерата и неколкуминутното ракоплескање на присутните во киносалата, Фрејзер едноствно прсна од плачење, и тоа, според многумина остана во сеќавање како огромна, моќна пресвртница во животот и кариерата на веќе легендарниот глумец.  си/рп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан