• понеделник, 29 јули 2024

Бредли Купер има нова љубов

Бредли Купер има нова љубов

Лос Анџелес, 14 јули 2022 (МИА) - Еден од можеби најпосакуваните мажи во Холивуд, Бредли Купер има нова девојка, а според американските медиуми, таа е една од највлијателните жени во политичкиот свет...

Станува збор за Хума Абедин, најблиската соработничка на Хилари Клинтон и поранешна сопруга на политичарот Ентони Вајнер. Бредли и Хума се запознале, наводно, преку уредничката на списанието „Вог“ - Ана Винтур, нивна заедничка пријателка. Оваа информација ја потврди извор близок до новопечената двојка за „Пејџ сикс“. „Бредли неколку месеци е во врска со Хума, но и двајцата тоа го премолчуваат. Тој раскина со колешката своја Дијана Агрон и веднаш почна да излегува со Хума“, вели неименуваниот извор. Позната како „Црниот лебед на американската политика“, муслиманката во минатото водеше исламска организација којашто важела за „засолниште за радикални проповедници“, според БГНЕС.  си/

Остани поврзан