• недела, 24 ноември 2024

Брегу: 70 проценти од граѓаните од Западен Балкан стравуваат дека нивните деца би можеле да бидат радикализирани на интернет

Брегу: 70 проценти од граѓаните од Западен Балкан стравуваат дека нивните деца би можеле да бидат радикализирани на интернет
Сараево, 24 мај 2021 (МИА) - Советот за регионална соработка (РЦЦ) денеска во Сараево ги претстави резултатите од првото регионално истражување на јавното мислење за безбедносните прашања во Западен Балкан (SecuriMeter Western Balkans). Истражувањето е фокусирано на постоечките безбедносни предизвици и трендови во Западен Балкан, при што се открива што граѓаните од регионот мислат за безбедноста, организираниот криминал, мигрантите, радикализација на интернетот, поседувањето на оружје и за лажните вести. - Тековната глобална пандемија јасно стави до знаење дека нема одмор за безбедносните закани. Регионот смета дека е многу важно да се работи на решавање на безбедносните предизвици на Западен Балкан. Интересно е што од 82 проценти од оние кои го посочуваат организираниот криминал како главна закана за безбедноста, 55 проценти истакнаа дека корупцијата придонесува за неговото постоење, истакна генералната секретарка на РЦЦ, Мајлинда Брегу, на денешното претставување на резултатите од анкета за безбедносни прашања во Сараево. Таа посочи дека 56 отсто од граѓаните на Западен Балкан одговориле дека ја поддржуваат работата на националните агенции за борба против тероризмот. - Сепак, кога зборуваме за транснационален организиран криминал, 48 проценти од нив не се задоволни. Безбедносните закани за 70 проценти од граѓаните во регионот сега се пренесени во дигиталниот свет и граѓаните стравуваат дека нивните деца и помладите роднини би можеле да бидат радикализирани на интернет, истакна Брегу. Таа додаде и дека 76 отсто од испитаниците оцениле дека дезинформациите се нов начин на војување, а за 77 проценти лажните вести се голем проблем. За првото истражување за безбедноста на Западен Балкан испитани се 6.000 граѓани на Западен Балкан во јануари и февруари 2021 година. Истражувањето ќе се спроведува на годишно ниво и ќе помогне во регионална соработка во областа на безбедноста. Состанокот е организиран од Советот за регионална соработка со поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, а присуствуваат и генералниот бригаден и командант на на Штабот на НАТО во Сараево, Ерик Фолкестад, како и директорот на Јадранскиот регион и Западен Балкан во Генералната дирекција за Европска унија во Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Андреа Касконе. ми/

Остани поврзан