• четврток, 26 декември 2024

Браќата Лоренцо и Роберто Инсиње постигнаа гол на ист натпревар, играјќи еден против друг, ова е втор ваков случај во историјата на Серија А.

Браќата Лоренцо и Роберто Инсиње постигнаа гол на ист натпревар, играјќи еден против друг, ова е втор ваков случај во историјата на Серија А.
Беневенто, 25 октомври 2020 (МИА) - Наполи го победи Беневенто со 2:1 во дуел од 5. коло на Серија А. Овој меч ќе биде запаметен како втор во историјата на Италијанскиот фудбалски шампионат на кој гол постигнале двајца браќа на две различни страни. Лоренцо Инсиње погоди за клубот од Неапол, а неговиот помлад брат Роберто Инсиње за Беневенто. За прв пат вакво нешто во најквалитетната фудбалска лига во Италија се случи во 1949 година. Тогаш Иштван и Ференц Ниерш го сторија тоа на мечот Интер - Лацио. зс/

Остани поврзан