• недела, 28 јули 2024

Брајан Баумгартнер заработил над милион долари од „Камео видео“

Брајан Баумгартнер заработил над милион долари од „Камео видео“
Лос Анџелес, 10 декември 2020 (МИА) - Брајан Баумгартнер, можеби најпознат како сметководителот - љубител на чили - Кевин Мелоун на „Канцеларија“ (The Office), годинава заработил над еден милион американски долари од снимање видеоклипови на „Камео видео“. Стивен Галанис, еден од сопствениците на апликацијата, зборувајќи со Кара Свишер на нејзината интернет-емисија, откри дека Баумгартнер (48) имал најголем приход на платформата оваа 2020 година. - Лицето кое има најмногу приходи оваа година е Брајан Баумгартнер. Оваа година тој ќе заработи повеќе од милион американски долари... Токму „личноста“ на комичарот го прави толку многу барано име, вели Галанис Агентот на Баумгартнер не одговори веднаш на прашањето на „Пипл“ за коментар.  си/ссм/

Остани поврзан