• четврток, 26 декември 2024

Брачниот пар кој беше евакуиран од Газа со благодарност до МНР и сите институции директно вклучени во нивната евакуација

Брачниот пар кој беше евакуиран од Газа со благодарност до МНР и сите институции директно вклучени во нивната евакуација

Скопје, 18 ноември 2023 (МИА) - Брачниот пар, кој беше заглавен во Газа и кој беше успешно евакуиран, преку писмо изразува благодарност до Министерството за надворешни работи, до Меѓународната организација за миграција, како и до сите државни институции и поединци кои биле директно вклучени во нивната евакуација. 

- Ние, брачниот пар кој беше заглавен во Газа 38 денови, би сакале јавно и официјално да изразиме длабока почит, признание и благодарност до МНР, раководено од господинот Бујар Османи, до целата дипломатија, до Меѓународната организација за миграција (ИОМ), до сите државни институции, агенции и поединци кои беа директно вклучени во нашата евакуација од Газа, во детално организираното згрижување и успешно враќање дома, се вели во писмото од брачниот пар Ел-Кедра.

Изразуваат благодарност и до Елма Алторок, в.д. амбасадор во Каиро за нејзината ангажираност, професионалност, упорност и поддршка, како и до в.д. амбасадорот на Северна Македонија во Тел Авив, Мачеј Качоровски за неговата исклучителна улога во издејствувањето на дозвола за излез од израелските власти.

Брачниот пар беше евакуиран преку египетскиот премин Рафах. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во вторникот преку Фејсбук информираше за нивната евакуација. Тие беа последните македонски државјани заглавени во Газа. бак/цр

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан