• понеделник, 23 декември 2024

Браун: Новиот вид коронавирус ќе стане доминантен во Германија

Браун: Новиот вид коронавирус ќе стане доминантен во Германија
Берлин, 25 јануари 2021 (МИА) - Новиот британски вид коронавирус ќе стане доминантен во Германија, изјави шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун. „Гледаме дека веќе имаме работа со новиот вид во неколку болници. Ова значи дека новиот вид влегол во земјата и дека, како и во другите земји, ќе го потисне стариот и ќе ни создаде проблеми, изјави Браун за јавниот сервис АРД. Затоа, посочува тој, сега е важно да се задржи курсот, да се намали бројот на новозаразени што е можно повеќе. паг/  

Остани поврзан