• четврток, 19 декември 2024

Братот на Џорџ Флојд го осуди насилството, бара мир

Братот на Џорџ Флојд го осуди насилството, бара мир
Вашингтон, 1 јуни 2020 (МИА) - Теренс Флојд, помладиот брат на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаец во Минеаполис, повика на смирување на ситуацијата и ги осуди насилните протести што се одржуваат низ САД. Флојд за Еј-Би-Си њуз изјави дека сака да се поднесе обвинение за убиство од прв степен против полицаецот Дерек Човин, кој со колено го задуши неговиот брат, како и против другите полицајци кои учествуваа во таа акција. Тој нагласи дека неговиот постар брат се залагал за мир. Како што истакна, многумина го опишале Џорџ Флојд како „нежен џин“. - И јас сум огорчен. Понекогаш сум лут. Сакам да полудам, рече Теренс Флојд. јт/

Остани поврзан