• среда, 25 декември 2024

Бразилско засилување во нападот на Шкендија

Бразилско засилување во нападот на Шкендија
Тетово, 22 јануари 2021 (МИА) – Бразилскиот напаѓач Игор Вандерсон да Силва е нов член на есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига Шкендија, соопшти вечерва прволигашот од Тетово. Дваесетичетиригодишниот Да Силва доаѓа од редовите на бразилски Аква Санте, откако поради пандемијата на коронавирус предвреме ги напушти редовите на турскиот прволигаш Бурсаспор. Претходно Да Силва го носеше дресот на турски Газиантеп, а во родниот Бразил беше дел од екипите на Метрополитано и Униао Барбаренше. Да Силва потпиша договор на 18 месеци со Шкендија и е трето засилување за актуелниот лидер во ПМФЛ, по Рубин Хебај и Ферат Рамадани. Бразилецот ќе го носи дресот со број 13. ег/вј/

Остани поврзан