• среда, 18 декември 2024

Бразилскиот претседател се чуствува добро по итната операција, тврди неговиот лекар

Бразилскиот претседател се чуствува добро по итната операција, тврди неговиот лекар

Сао Паоло, 11 декември 2024 (МИА) – Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро и е во добро расположение по итната операција која му беше извршена вчера, откако магнетната резонанца откри крварење во неговиот мозок, изјави денеска за новинарите лекарот на Лула, Роберто Калил Фиљо.

Лула (79) „помина мирна ноќ“ по операцијата, рече Калил, додавајќи дека болницата Сирио-Либанес каде што е хоспитализиран ќе објави официјален медицински извештај подоцна во текот на денот.

Се очекува Лула да се врати во главниот град Бразилија до вторник или среда следната недела, изјави сенаторот Рендолф Родригес во интервју за Си-Ен-Ен Бразил.

Бразилскиот претседател закрепнува на одделот за интензивна нега откако вчера беше опериран поради крварење во пределот помеѓу мозокот и менингеалната мембрана.

Лекарите рекоа дека нема повреди на мозокот или некакви невролошки компликации.

Тие објаснија дека крварењето било резултат на неговиот пад во октомври кога го повредил задниот дел од главата. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан