• недела, 24 ноември 2024

Бразилскиот претседател Лула нема да оди ниту во Русија, ниту во Украина

Бразилскиот претседател Лула нема да оди ниту во Русија, ниту во Украина

Рио де Жанеиро, 15 март 2023 (МИА) - Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека нема да ги посети Русија или Украина поради тековната војна, но дека сепак се залага за мирно решение на конфликтот.

Левичарскиот лидер на настан во главниот град Бразилија рече дека конфликтот предизвикан од руската инвазија на Украина денес би требало да биде незамислив.

- Во 21 век не треба да биде ни можно да имаме војна за мали нешта, изјави тој.

 

Остани поврзан