• четврток, 26 декември 2024

Бразилскиот министер за човекови права обвинет за сексуално вознемирување жени

Бразилскиот министер за човекови права обвинет за сексуално вознемирување жени

Рио де Жанеиро, 6 септември 2024 година (МИА) - Владата на Бразил побара од министерот за човекови права Силвио Алмеида да им „даде објаснувања“ на истражителите во врска со извештаите дека бил вклучен во сексуално вознемирување жени.

„Федералната влада ја препознава сериозноста на обвинувањата и дејствува со строгост и брзина каква што заслужуваат ситуациите во врска со можно насилство врз жените“, се вели во соопштението од кабинетот на бразилскиот претседател.

Медиумите објавија дека движењето „МиТу Бразил“ (MeToo Brasil), организација која ги брани жените жртви на сексуално насилство, добила жалби против Алмеида за сексуално вознемирување на жени.

Алмеида рече дека „ги отфрла лагите“ и ја осуди „кампањата за оцрнување на неговиот имиџ како црнец на истакната позиција во владата“.

Тој додаде дека секоја ваква пријава и лажни обвинувања се кривично дело.

Медиумите наведуваат дека претседателот Луис Инасио Лула да Силва денеска ќе се сретне со Алмеида и министерката за расна рамноправност Аниел Франко, која е една од жртвите кои го пријавиле однесувањето на Алмеида. паг/

Фото: МИА архива

 


 
 

 

Остани поврзан