• четврток, 26 декември 2024

Бразилската фудбалска Федерација ја раскина соработката со в.д. селекторот Диниз

Бразилската фудбалска Федерација ја раскина соработката со в.д. селекторот Диниз

Рио де Женеиро, 6 јануари 2024 (МИА) – Фудбалската федерација на Бразил го отпушти в.д селекторот Фернандо Диниз поради серијата слаби резултати и само три победи во 2023 година што доведе бразилската репрезентација да е дури шестопласирана во јужноамериканските квалификации за Мундијалот 2026.

Бразил под водство на Диниз го забележа првиот пораз во историјата на домашен терен во јужноамериканските мундијалски квалификации, а ја прекина и серијата од 37 квалификациски натпревари без пораз.

Весникот „О Глобо“ објави дека челникот на Фудбалската федерација на Бразил, Единалдо Родригез, планира на селекторската должност да го постави актуелниот тренер на Сао Паоло, Доривал Жуниор.

Неодамна, италијанскиот стратег Карло Анчелоти официјално ја одби понудата да биде нов селектор на Бразил, а таква можност одби и Португалецот Жозе Мурињо. ег/мс/

ФОТО: „Х“

Остани поврзан