Бразилската фудбалска конфедерација во преговори со Анчелоти за продолжување на договорот
- Бразилската фудбалска конфедерација преговара за нов договор со селекторот на репрезентацијата, Карло Анчелоти, до 2030 година, објавува „Глобо“.
Бразилија, 13 декември 2025 (МИА) - Бразилската фудбалска конфедерација преговара за нов договор со селекторот на репрезентацијата, Карло Анчелоти, до 2030 година, објавува „Глобо“.
Шеесет и шестгодишниот фудбалски стручњак заработува приближно 10 милиони евра годишно според неговиот тековен договор, што е највисоката плата меѓу селекторите.
Неговиот договор вклучува и бонус од пет милиони евра доколку Бразил го освои Светското првенство во 2026 година.
Бразилската фудбалска конфедерација е задоволна од настапот на репрезентацијата под водство на Анчелоти и верува дека тој веќе направил доволно за да ги врати кариоките на вистинскиот пат.
Анчелоти беше назначен за селектор на бразилската репрезентација во мај 2025 година. зс/
Фото: ЕПА