• четврток, 26 декември 2024

Бразилската полиција истражува зошто Болсонаро во февруари ја посетил унгарската Амбасада

Бразилската полиција истражува зошто Болсонаро во февруари ја посетил унгарската Амбасада

Бразилија, 27 март 2024 (МИА) - Бразилската полиција истражува зошто поранешниот претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада во Бразилија веднаш откако му бил одземен пасошот во истрагата за наводен заговор за организирање воен удар.

Полицискиот извештај за истрагата ќе биде испратен до судијата на Врховниот суд, Александар де Мораес, кој нареди истрага за наводниот заговор за воен удар откако Болсонаро беше поразен од левичарот Луис Инасио Лула да Силва во октомври 2022.

Болсонаро негираше каква било вмешаност во заговорот, но поранешните команданти на армијата и воздухопловните сили претходно овој месец во полиција изјавија дека Болсонаро побарал од нив да се приклучат на плановите за пуч. Тие рекоа дека одбиле да се приклучат. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан