• вторник, 26 ноември 2024

Бразилската полиција го обвини поранешниот претседател Болсонаро за наводен обид за државен удар

Бразилската полиција го обвини поранешниот претседател Болсонаро за наводен обид за државен удар

Бразилија, 21 ноември 2024 (МИА) - Бразилската федерална полиција денеска покрена обвинение против поранешниот претседател Жаир Болсонаро и 36 други за нивна вмешаност во наводниот обид за државен удар во 2022 година за поништување на резултатите од изборите што тој ги загуби.
Во вторникот, федералната полиција уапси четворица воени лица и еден федерален полицаец обвинети за заговор за државен удар кој вклучуваше планови за соборување на владата по изборите во 2022 година и наводно убиство на Лула и други високи функционери.
Поранешниот лидер на десницата ги негираше сите тврдења дека се обидел да остане на функцијата по неговиот изборен пораз од неговиот ривал, левичарот Луис Инасио Лула да Силва. Оттогаш Болсонаро се соочи со серија судски случаи.

Други истраги се однесуваат на неговата потенцијална улога во шверцот на дијамантски накит во Бразил без соодветно пријавување на царината, како и убедување на подредениот да фалсификува документ дека бил вакциниран против КОВИД-19. Болсонаро негираше каква било вмешаност во сите тие случаи. зш/

Остани поврзан