• четврток, 26 декември 2024

Боjно гаѓање на стрелиштето ,,Леково“

Боjно гаѓање на стрелиштето ,,Леково“

Скопје, 12 март 2024 (МИА) - На стрелиштето ,,Леково“ денеска од 8:30 до 15:00 часот ќе биде реализирано боjно гаѓање. Заради безбедност се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето, информираат од Регионалниот ЦУК Битола повикувајќи се на известување од Министерство за одбрана.

-По завршувањето на гаѓањето во реонот на стрелиштето, ако се најдат неексплодирани зрна односно проектили, граѓаните не треба да ги допираат или поместуваат и треба да се пријави на 112 во ЦУК, по што од страна на ЦУК ќе се постапи според стандардните оперативни процедури за пронаоѓање на неексплодирани убојни средства (НУС) во Системот за управување со кризи, се наведува во соопштението од Центарот за управување со кризи (ЦУК). дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан