• сабота, 23 ноември 2024

Бојмацалиев: Членството во НАТО не стави под заштита на една од најмоќните безбедносни алијанси во светот

Бојмацалиев: Членството во НАТО не стави под заштита на една од најмоќните безбедносни алијанси во светот

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Членството во НАТО не беше само формално пристапување кон една организација - тоа претставуваше квантен скок напред кон безбедност, стабилност и просперитет за нашата земја и нашиот народ, оценува дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Во објава на „Фејсбук“, Бојмацалиев посочува дека влезот во НАТО нè става под заштита на една од најмоќните безбедносни алијанси во светот, што, како што вели, значи дека нашите граници и нашата сувереност се заштитени од надворешни влијанија.

- Го отворивме патот за соработка со другите членки, што доведе не само до подобри можности за економски развој и интеграција во евроатлантската заедница, туку и го засили нашиот глас во меѓународната заедница. Пристапувањето во НАТО беше одраз на нашата посветеност кон заедничките вредностите што ги споделуваме со другите членки - демократијата, правата на човекот и правната држава. Ние сме дел од глобалната заедница што се бори за мир и стабилност. #НиеСмеНАТО, стои во објавата на „Фејсбук“.

Бојмацалиев денеска присуствуваше на одбележувањето на четиригодишнината од членството во НАТО и Денот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. бак/

Фото: Фејсбук статус 

Остани поврзан