• среда, 25 декември 2024

Бојмацалиев: Полиција во служба на граѓаните, концепт за кој ќе се залагам

Бојмацалиев: Полиција во служба на граѓаните, концепт за кој ќе се залагам

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - Митко Бојмацалиев, кој е кандидат за дополнителен заменик-министер за внатрешни работи во техничката Влада, денеска преку статус на „Фејсбук“ се заблагодари до членовите на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, за укажаните чест и доверба. 

- Во 2017 година, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер  започнавме да го утврдуваме концептот „МВР за граѓаните” - полиција во служба на граѓаните. Благодарение на неговата визија и пожртвуваност, заеднички успеавме да ја изградиме македонската полиција како вистински сервис на граѓаните, гарант на нивната безбедност и сигурност. Останавме блиски со граѓаните и работевме во партнерство со нив и во периодот кога Спасовски ја предводеше Владата на Република Северна Македонија. Како резултат на континуираната работа кон поставените стратешки цели, изминатиот период го одбележавме како најбезбедна земја во регионот, со најдобри резултати во изминатите 30 години во борбата против недозволената трговија со дрога, организираниот криминал и корупцијата, илегалната миграција, сајбер криминалот, итн. Тоа е концептот по кој се раководам и за кој ќе се борам и по 28 јануари 2024 година, напиша Бојмацалиев.

Најавува продолжување на проектот „МВР за граѓаните” - транспарентна и отчетна полиција, која нема да биде во служба на ничиј друг интерес освен на граѓаните. бак/лв/

Фото: Фејсбук статус на Бојмацалиев

Остани поврзан