• среда, 18 декември 2024

Бојмацалиев: „МВР за ГРАЃАНИТЕ” е трансформативен процес на институцијата

Бојмацалиев: „МВР за ГРАЃАНИТЕ” е трансформативен процес на институцијата

Скопје, 7 март 2024

Во интервју за српскиот весник Данас, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан за позначајните постигнувања во неговата работа.

„Со нескриена гордост зборувам за периодот 2017-2023 година, кој беше трансформативен во секој поглед за Министерството за внатрешни работи. Наследството што остана во таа институција, која би рекол дека е најзатворена од сите институции, вклучуваше долг од 40 милиони евра, низок статус на вработените, партизираност, прекршени човекови права и на граѓаните и на вработените, супстандардни услови за работа на македонскиот полиција, немање основни предуслови како униформи и обувки. Нема да грешам ако кажам дека не требаше многу за да се надмине. Потребна беше само политичка волја”, рече Бојмацалиев. Притоа, тој ги потенцираше низата реформски процеси и успешноста на концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ”.

„Концептот „МВР за граѓаните“ е производ на поранешниот министер Оливер Спасовски, почнувајќи со обемен реформски процес на безбедносниот систем. Наш приоритет на стратешко ниво беше департизација, деполитизација и декриминализација. Создавањето на Оперативно-техничката агенција и Агенцијата за национална безбедност беше од клучно значење за заштитата на човековите права и слободи и претставува бариера против злоупотребите и незаконските дејствија, кои во периодот пред тоа беа предводници на политичката активност во земјата, особено со неовластено прислушување на 20.000 граѓани. И токму овие реформи беа преземени со цврста решеност да се надмине таа состојба и да се зајакнат принципите на владеење на правото, како основа за просперитет и развој на правната држава”, истакна Бојмацалиев, надополнувајќи со бројните подобрувања на статусот на вработените, на нивните работни услови и на услугата кон граѓаните.

„Меѓу другото, од 2017 година наваму, Министерството за внатрешни работи спроведе низа значајни реформи и програмски иницијативи, вклучително и инвестиција од над 17 милиони евра за подобрување на условите за работа преку реконструкција на 82 полициски објекти, зголемување на платите за 35%, исплата од сите бонуси плати, и опремување на полицијата со потребните средства, опрема и униформи во вредност од 14 милиони евра. Изградивме два нови, би рекол многу значајни објекти - Центарот за заштита на електронски податоци во случај на катастрофа во Прилеп и Форензичката лабораторија во рамките на Одделението за форензички истраги, најсовремена во регионот. Овие мерки овозможија значителен напредок во современото полициско работење и обезбедување на висока безбедност за сите граѓани”, рече Бојмацалиев. Тој го појасни и концептот „задоволна и мотивирана полиција – безбедни граѓани” кој донесе резултати на меѓународно ниво.

„Докажавме и дека концептот „задоволна и мотивирана полиција - безбедни граѓани“ донесе резултати особено во борбата против илегалната трговија со дрога, организираниот криминал, корупцијата и илегалната миграција, со резултати кои се историски најдобри во последните 30 години. Овие успеси не само што ја вратија довербата на граѓаните во полицијата, туку и ја позиционираа на историски високо ниво, ставајќи го Министерството за внатрешни работи меѓу трите најтранспарентни институции во државата. Посебно сме горди што Република Северна Македонија е најбезбедната земја на Западен Балкан според Глобалниот индекс на мирот втора година по ред. Секогаш може да се направи повеќе и подобро, но не се сомневам дека направивме многу, бидејќи работевме исклучиво во интерес на граѓаните и државата”, истакна Бојмацалиев.

 

Бојмацалиев: Важно е граѓаните да ги знаат позициите на политичките партии, но и да препознаат  дезинформации и лажни  вести
 
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за српскиот весник Данас беше запрашан за претстојните избори во Република Северна Македонија.

„Важно е граѓаните да бидат свесни за позициите на политичките партии, како и за тоа што се дезинформации а што лажни вести. Нашата цел е да го слушнеме гласот на граѓаните и да гарантираме безбедно спроведување на изборите. Со организирање на локалните избори во 2017 и 2021 година, референдумот во 2018 година, претседателските избори во 2019 година и парламентарните избори во 2020 година, ние како држава поставивме стандарди кои не смеат да се напуштат и од кои не смее да се отстапува. На сите претходни средби со амбасадорите во Северна Македонија ја истакнав важноста од организирање на изборниот процес според европските принципи. За таа цел, соработуваме со Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, домашните и меѓународните набљудувачи, како и другите институции вклучени во изборниот процес, со што се гарантира потребната координација за исполнување на законските и демократските стандарди”, истакна Бојмацалиев.

Министерство за внатрешни работи

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан