• четврток, 26 декември 2024

Бојмацалиев: Во декември и јануари постигнавме рекорден број од над 170.000 граѓани кои биле сликани за патни исправи

Бојмацалиев: Во декември и јануари постигнавме рекорден број од над 170.000 граѓани кои биле сликани за патни исправи

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев декеска заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска, ги посети управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонска телевизија, со цел увид во процесот на замена на личните документи на граѓаните.

Како што информираат од МВР, раководството на Одделот за граѓански работи во зградата на МТВ, го информирал Бојмацалиев за процесот на промена на личните документи на граѓаните.

-Ако ги земеме месеците декември 2023 и јануари 2024 во однос на процесот на промена на патните исправи на граѓаните вкупната бројка изнесува 176.159, што е четирикратно зголемување споредбено со  истиот период од два месеци од 2023, 2022 и 2021 година, кога таа бројка месечно не надминувала 24.000. Со тоа можам слободно да констатирам дека е постигнат рекорден број во овие два месеца, вели Бојмацалиев.

Во оваа прилика дополнителниот заменик министер Бојмацалиев потсети на исплатената дополнителна плата на вработените вклучени во процесот на промена на личните документи, кои неуморно и посветено работат за време на викенди и празници, за што уште еднаш упати благодарност до колегите. сст/са/

фото МВР

Остани поврзан