• среда, 25 декември 2024

Бојковска: Во овој ребаланс особено внимание се посветува на младите, учениците, студентите, спортистите

Бојковска: Во овој ребаланс особено внимание се посветува на младите, учениците, студентите, спортистите

Скопје, 5 август 2024

Интегрален текст од изјава за медиуми – Драгана Бојковска, пратеничка од
пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“


Почитувани,

Денес продолжува амандманската расправа за ребалансот на буџетот за 2024
година.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наследи Буџет во хаос, во кој не се
предвидени средства за исплата, а кои биле законска обврска за државата.
Но и со такви позиции, граѓаните на Република Македонија нема да бидат
оставени и ќе се покаже грижа за никој да не биде заборавен.
Во овој ребаланс особено внимание се посветува на младите, учениците,
студентите, спортистите.

1. Издвојуваме повеќе средства за изградба на спортски сали, а обезбедени се и
550 милиони денари за ваучери во спортот кои беа заборавени.

2. За да обезбедиме учебник за секое дете, кон Бирото за развој на
образованието издвојуваме 80 милиони денари. Секое дете заслужува учебник, со цел
непречена настава во образовниот процес. Најмладите се наш најголем приоритет.

3. Предвидени се 270 милиони денари за стипендиите. Претходната Влада ги
оставила студентите со непланирани исплати за стипендии, нешто што беше својствено
за претходната Влада да ги остава студентите со месеци без стипендии. Студентите
можат да бидат спокојни, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ обезбедува средства и за
стипендиите.

4. За студентски оброк - предвидовме 437 милиони денари. Законска обврска
која не беше предвидена за исплата во Буџетот креиран од СДСМ и ДУИ. Студентите
како наши идни високообразовани кадри не смеат да бидат заборавени и
студентскиот стандард не смее да се доведува веќе во прашање. Обезбедени се
средства за непречена исплата на субвенциониран студентски оброк и средства за
енергетска ефикасност на студентските домови.

5. За оваа година обезбедуваме средства за вработување на 300
специјализанти, со што за само 30 дена од формирање на владата, наоѓаме решение
за младите лекари да ги задржиме дома. Следната година уште 300 млади доктори
специјализанти ќе бидат со решен статус на вработување. Егзодусот на младите лекари
мора да запре, а државата мора да се грижи за нив.

Почитувани,
Младите имаат верен партнер во владата и парламентарното мнозинство.
За само еден месец, со овој ребаланс докажуваме дека младите се наш фокус, а
наша најголема цел е секој еден граѓанин да добие подобар животен стандард во
Македонија.

Со почит,
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан