• недела, 24 ноември 2024

„Боја во црно-белиот свет“ - изложба ретроспектива на Маја Николовска

„Боја во црно-белиот свет“ - изложба ретроспектива на Маја Николовска
Скопје, 8 ноември 2021 (МИА) - „Боја во црно-белиот свет“ е наслов на самостојната изложба ретроспектива на уметницата Маја Николовска, што ќе биде отворена денеска во галеријата „КО-РА“ во Скопје. Маја Николовска е дипломиран ликовен педагог со отсек сликарство во класта на Рубен Корубин, на Факултетот за ликовни уметности, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со положен приправнички испит за професор по ликовно образование. Ова е нејзина четврта самостојна ретроспективна изложба, на која ќе се претстави во повеќе техники. Изложбата вклучува графички и акварелни дела во техниките - сито печат, линорез, аква тинта, туш, јаглен, молив, акварел. Учествува и на неколку ликовни колонии во земјата и надвор. Добитничка е и на повеќе награди. бт/дма/  

Остани поврзан