• недела, 24 ноември 2024

Бошњачки демократски сојуз ја промовираше својата програма во Општина Петровец

Бошњачки демократски сојуз ја промовираше својата програма во Општина Петровец
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на Бошњачки демократски сојуз (БДС), Мунир Колашинац, кој е и кандидат за градоначалник на Скопје и Џевад Хот, носител на советничката листа за општина Чаир, ја посетија општина Петровец, односно населените места во кои живеат Бошњаците. Како што соопшти денеска БДС, Колашинац ги повика Бошњаците и граѓаните од општината Петровец да ја поддржат советничката листа на БДС, односно да гласаат за бројот 23 со цел да ги изберат своите советници во оваа општина. За време на посетата, се одржа состанок на кој присуствуваа Шеќо Личина, носител на советничката листа, членови на советничката листа за општина Петровец и Бошњаците од општина Петровец. мд/дма/  

Остани поврзан