• недела, 24 ноември 2024

Бочварски: Патната инфраструктура значително подобрена

Бочварски: Патната инфраструктура значително подобрена
Куманово, 22 јули 2022 (МИА) - Патната инфраструктура во државата значително се подобрува, се градат нови патишта, патарини има само на автопатиштата, не и на експресните патишта, изјави денеска министерот за транспорт, Благој Бочварски при посетата на ГП Табановце. -До пред неколку години воопшто не се дискутираше дека накај Прилеп ќе се гради нов експресен пат. Денеска тој експресен пат се гради. Штип-Радовиш имавме крајно лоша конекција во којашто имаше многу црни точки. Денес возиме по нов експресен пат. Штип-Кочани, исто така. Се работи на Скопје – Блаце автопатот, уште многу други реконструкции. Наскоро започнуваме со реконструкции Битола – граница со Грција, Струга Ќафасан, Велес-Градско, Велес-Катланово. Тие се патни правци коишто мораме да ги изфинансираме за да го следиме чекорот и ја подобруваме инфраструктурата нешто коешто во минатото не се правело. Денес со брзи чекори мораме да го достигнеме нивото коешто го заслужуваме, рече Бочварски. Тој кажа дека само на автопатиштата се поставуваат нови патарини. -Само на тие патни правци коишто се рангирани како автопатишта, таму се предвидени патарини. На експресните гледате дека не се наплаќа патна такса. Сите останати рехабилитации ги правиме и таму исто така нема наплатна патна такса и системот е таков воспоставен со законски решенија. Но целта е ние што е можно повеќе инвестираме, прибереме средства и од грантови. Еве еден од патиштата се гради со грант, т.е. преговараме за подобри услови, со кредитни линии, тоа го правиме, рече Бочварски. Владата, посочи министерот, во моментов е целосно концентрирана на енергетската криза и кажа дека се субвенционираат 80 проценти од плаќањето на сметките за електрична енергија на домаќинствата и доколку не се субвенционираше тогаш сметките ќе бидат повисоки. Фокусот рече е ставен за подготовките за зимата. -Буџетот на државата е тој. Фокусот го ставаме за идната зима и тоа како ќе биде неизвесно да бидеме подготвени да ги поддржиме граѓаните и да имаме електрична енергија, рече Бочварски Одговарајќи на новинарско прашање дали се расчистуваат одроните, министерот кажа дека се санираат. -На сите оние места каде што се покажа дека има помали свлечишта веќе се санира, се прави репроектирање на косините и се санираат, рече Бочварски. Што се однесува за граничните премини, директорката на Царинската Управа, Славица Кутиров рече дека се прават напори да се изградат насекаде гранични премини, вклучително и кај Лојане и наведе дека се разгледува иницијативата и за оне стоп шоп за граничниот премин Пелинце – Прохор Пчински само за патнички промет. Двете излезни ленти кај Табановце ќе се оспособат наскоро, за неколку недели, најави директорката, бидејќи ја има потребната инфраструктура. Што се однесува до поплаките од камионџиите дека и покрај Отворен Балкан сè уште споро се движи протокот, директорката на Царинската управа посочи дека на овој граничен премин за 24 часа проаѓаат околу 700-800 камиони, што е огромен проток и рече дека се разгледуваат алтернативни опции за превоз на стоки. Министерот Бочварски дополни дека Отворен Балкан ги дава своите резултати. -За товарниот транспорт возилата поминале побргу отколку што поминувале претходно во делот на патничкиот транспорт 133 илјади возила поминале во еден месец на овој граничен премин. Така што на толкав голем сообраќај и тоа како се чувствува ова коешто го имаме денеска како инфраструктура, а тоа е на едно гранично застанува односно на една точка застанување за двете контролите што се прават. Анализите коишто се направени и сега покажале дека е забрзано времето на поминување на граничниот премин. Но протокот којшто ќе дојде не можеме да се регулира одовде, можат да дојдат 133.000 возила, може повеќе, може помалку, важно е дека ние максимално ги спроведуваме процедурите и постапките, рече министерот. Одговарајќи на новинарско прашање, дали и колку се увезува пелети, директорката на Царинската управа, Савица Кутиров рече дека Царината има статистички податоци и за увозот и за извозот на сите стоки, вклучително и пелети. -Во моментов нели се прават одредени анализи заедно со пазарниот инспекторат коишто ќе навлезат малку подетално во таа област. Така што, дoколку ви требаат подетални податоци, конкретни бројки, можеме да ви ги доставиме. Да, бројките се тука, можеме да ги споделиме, па сите дискутираме околу бројките, рече директорката. ам/ац/

Остани поврзан