• четврток, 19 декември 2024

Бочварски: Од утре се распишува конкурсот за социјални станови во Гостивар

Бочварски: Од утре се распишува конкурсот за социјални станови во Гостивар
Гостивар, 3 март 2022 (МИА) - Граѓаните од општина Гостивар од утре ќе може да поднесуваат документи за социјални станови. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најави дека конкурсот ќе биде објавен утре. Тој, денес придружуван од директорот на АД за изградба и стопанисување на станбен и деловен простор Кристијан Трајковски и заменик министерот Беким Беџети извршија увид во социјалната зграда во Гостивар. - Јавниот оглас ќе трае до 4 април и ги повикувам лицата од ранливите категории да аплицираат за социјален стан. Исто така, сакам да потенцирам дека само жители на општина Гостивар кои ги исполнуваат критериумите од јавниот оглас ќе можат да аплицираат за социјален стан. Сакам да уверам дека сите апликации ќе бидат земени предвид, а становите ќе се распределуваат преку транспарентна постапка, изјави Бочварски. Според критериумите на конкурсот може да се пријават -деца над 18 години без родители или родителска грижа, односно кои биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на ромската заедница, социјално загрозени согласно стратегијата за Ромите, самохрани родители со малолетни деца. Сите документи треба да се поднесуваат до Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Гостивар. https://www.youtube.com/watch?v=EW4NvJhq6OU Бочварски најави дека Министерството подготвува и јавен повик за распределба на станови во уште три социјални згради и тие ќе бидат распишани во наредниот период. Станува збор за социјалните згради во Пробиштип, Свети Николе и во Виница. - Во изминатите четири години изградени, односно во фаза на изградба се преку 850 станови. Би сакал да споменам и за уште еден голем и многу важен проект за гостиварци. Преку Министерството за транспорт и врски вложуваме преку пет милиони евра за изградба и реконструкција на водоводни линии на повеќе улици низ градот, како и за изградба на два нови резервоари, со што корист ќе имаат скоро сите жители на Гостивар, рече Бочварски. Социјалната зграда во Гостивар има 70 станови во две ламели и за неа се вложени седумдесет и девет милиони денари. Нејзината изградба почна во 2017 година. згм/бак/ https://www.youtube.com/watch?v=MArDbZq6TJE

Остани поврзан