• недела, 29 декември 2024

Бочварски: Нов мост на Црна Река или санација во наредните 60 дена

Бочварски: Нов мост на Црна Река или санација во наредните 60 дена

Прилеп, 20 ноември 2023 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска рече дека очекува железничкиот мост на Црна Река да биде саниран за 60 дена, но не ја исклучи и можноста од изгардба на нов, траен мост.

Увидот покажал, нагласи Бочварски, дека темелот е во многу лоша состојба. 

-Она што го добив како информација по увидот, е дека темелот е во многу очајна и лоша состојба и таму ќе биде потребна поголема и потемелна санација што ќе ја утврди проектантот и секако, Градежниот факултет, со цел да влеземе веднаш во постапка и очекувам дека во наредните 60 дена ќе се изврши санација, а доколку има можност и реализација на комплетно нов мост што ќе биде траен, за да не ни се случуваат вакви пункнатин во една од главните транзитни точки на Коридорот 10, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во реконструкцијата на улицата „Леце Котески”.

Ги чекаме анализите од експертите и стручните лица за потоа, појасни Бочварски, Владата, а секако и Министерството и Јавното претпријатие да донесат заедничка одлука во кој правец ќе одиме, која реконструкција ќе ја почнеме за да се операционализира овој проект и да се врати сообраќајот во нормала и во движење.

Бочварски во Прилеп беше заедно со премиерот Димитар Ковачевски. мч/аа/

фото: МИА архива и принт скрин

 

Остани поврзан