• среда, 25 декември 2024

Бочварски на увид во изградбата на брана на река Отиња

Бочварски на увид во изградбата на брана на река Отиња

Штип, 5 април 2024 (МИА) - Минирана локацијата кај Попова Чешма во Штип со што ќе може да се користи материјал за изградбата на брана на река Отиња. Освен на оваа се работи и на неколку други локации, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при увидот во изградбата на браната во Штип. Забележа дека проектот е доста тежок, но се работи напорно со цел да се реализира и штипјани да добијат брана.

-Покажавме дека овој проект не затоа што е лесен, напротив затоа шпто е тежок и комплекесен проект се зафативме да го реализираме со целата пропратна документација, за да денеска овој објект се работи со одличен прогрес работите со отворен фонд за работа за изведувачот. И денеска ми е драго што завршивме со минирањето на теренот на локација „Попова чешма“ каде веќе се отвора фронт за работа за ископ на материјал за насипот на загатот на околу 5.000 метри кубни материјал. Драго ми е што се работи на повеќе локации, вели Бочварски.

Од буџетот оваа година се издвоени околу 130 милиони денари за изградбата на браната на река Отиња, со што се очекува наредната пролет истата да биде завршена и ставена во функција. Бочварски посочува дека динамиката на реализација на овој проект се движи со забрзано темпо, како што е предвидено.

-Согласно динамиката, согласно градежните норми и принципи за градба на вакви комплекси проекти се реализираат еден по еден сите елементи кои се потребни за реализација на овој проект. Кога станува збор за реализација на изградбата на брана на река Отиња за оваа година во буџетот имаме околу 130 милиони денари со што очекувам веќе наредната пролет да биде завршен овојм објект и да биде ставен во функција, изјави Бочварски.

Изградбата на брана на река Отиња започна кон средината на 2021 година, со инвестициона вредност од вкупно 306 милиони денари. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан