• среда, 27 ноември 2024

Бочварски и Рустеми ја посетија цела траса на автопатската делница Кичево – Охрид

Бочварски и Рустеми ја посетија цела траса на автопатската делница Кичево – Охрид
Скопје, 7 јули 2022 (МИА) - Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, извршија увид во градежните активности на автопатската делница Кичево – Охрид. Посетата ја искористија да направат обикола на целата траса и одблизу да се запознаат со градежните активности за изградба на овој автопат, соопшти Министерството за транспорт и врски. Должината на оваа автопатска делница е 57 километри и инвестицијата е во висина од 598 милиони евра, средства кои се комплетно обезбедени. Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува околу 70  проценти. -Во текот на работната посета тие одржаа и координативен состанок со претставници од компанијата изведувач и со надзорот, каде им беше презентирана динамиката со која се реализира овој крупен капитален проект. На состанокот се разговараше и за роковите на изградбата на петте подделници, од кои петтата подделница од Аеродромот Свети Апостол Павле до Охрид да биде пуштена за сообраќај до крај на годината, се вели во соопштението. Од Министерството за транспорт и врски истакнуваат дека се посветени на реализацијата на капиталните инфраструктурни проекти заради рамномерен регионален развој и модернизирање на целокупната транспортна мрежа низ земјата.лв/

Остани поврзан