• среда, 25 декември 2024

Бохум го отпушти тренерот

Бохум го отпушти тренерот

 

Берлин, 8 април 2024 (МИА) – Германскиот фудбалски прволигаш Бохум му врачи денеска отказ на тренерот Томаш Леч поради серијата слаби резултати.

Бохум на последните шест натпревари забележа едно реми и пет порази и води битка за опстанок во Бундеслигата.

Леч го презеде Бохум во септември 2022 година во време кога тимот беше последнопласиран на табелата и успеа да го спаси од испаѓање.

Бохум не објави кој ќе го преземе тимот, ниту кој ќе го води екипата во следното бундеслигашко коло на гостувањето против Хајденхајм. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан