• петок, 20 декември 2024

Ботас ќе добие уште еден нов мотор пред Големата награда на Италија и ќе загуби најмалку 15 позиции на стартот

Ботас ќе добие уште еден нов мотор пред Големата награда на Италија и ќе загуби најмалку 15 позиции на стартот
Лондон, 8 септември 2022 (МИА) - Возачот на Алфа Ромео, Валтери Ботас ќе добие нов мотор за трката од Формула 1 шампионатот на Големата награда на Италија. Поради промената на моторот, возачот ќе се соочи со парична казна и речиси сигурно ќе стартува од последната позиција на стартната мрежа. Ова е трета принудна промена на моторот на Ботас во изминатите шест трки. Ботас беше принуден да се повлече од претходната трка во Зандворт поради дефект на болидот. Според „Motorsport“, инженерите на Алфа Ромео ќе мора да вградат нов мотор во болидот на Ботас. Станува збор за замена на моторот со внатрешно согорување, турбината и генераторот MGU-H, што автоматски ќе доведе до губење на 15 позиции на стартната рамнина. Можно е Алфа Ромео да реши да ги замени сите елементи, што ќе значи сигурно старт од последната позиција. зс/

Остани поврзан