• среда, 25 декември 2024

Ботас: Би било одлично да потпишам повеќегодишен договор

Ботас: Би било одлично да потпишам повеќегодишен договор
Лондон, 2 септември 2021 (МИА) - Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, изјави дека би сакал да потпише повеќегодишен договор и да остане во Формула 1. - Би било одлично да потпишеме повеќегодишен договор. Впрочем, никогаш порано не сум потпишал такви договори во Ф-1. Со повеќегодишен договор, можам целосно да се посветам на работата со тимот - не за една година, туку знаејќи дека работата ќе продолжи. Идниот мој тим треба да биде предизвикувачки, забавен и со одлична работна средина. Мислам дека ова се факторите што ми се најважни. Како што реков, верувам дека има уште неколку години од мојата кариера и овие години би сакал да ги поминам во Формула 1. Дали имам вести за мојата иднина? Не би сакал да кажувам многу, но ситуацијата се развива во вистинската насока, задоволен сум и го чекам исходот, рече Ботас. Финскиот возач најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Алфа Ромео следната сезона, а Џорџ Расел ќе го заземе неговото место во Мерцедес. зс/

Остани поврзан