• недела, 28 јули 2024

Бостон разгледува опции за размена за Гоберт

Бостон разгледува опции за размена за Гоберт
Бостон, 29 октомври 2020 (МИА) - Раководството на Бостон покажува интерес за центарот на Јута, Руди Гоберт. Како што објави „Legion Hoops“, Селтикси може да им понудат на „Џезерите“ размена во претстојниот преоден рок. Зајакнувањето на позицијата центар е приоритет за клубот. Францускиот кошаркар ќе стане неограничен слободен играч по сезоната 20/21. Дваесет и осумгодишниот кошаркар минатата сезона имаше просек од 15,1 поен и 13,5 скока по натпревар. зс/

Остани поврзан