• сабота, 27 јули 2024

Босна и Херцеговина и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Босна и Херцеговина и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023
Скопје, 14 ноември 2021 (МИА) - Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во квалификациите за Евробасектот 2023. Вечерва во СРЦ „Кале“ подобри од „црвено-жолтите“ беа гостинките од Босна и Херцеговина кои забележаа победа со 80:64. Во првото коло пред три дена, избраничките на селекторот Александар Ашаданов загубија од Германија со 73:41. Квалификациите продолжуваат по една година, а следен меч на нашата репрезентација е против селекцијата на Белгија која денеска славеше убедлива победа против Германија со 84:55. зс/

Остани поврзан