• среда, 18 декември 2024

Босна и Херцеговина го одбележува Денот на државноста

Босна и Херцеговина го одбележува Денот на државноста

Сараево, 25 ноември 2024 (МИА) - Босна и Херцеговина денеска, 25 ноември, го одбележува Денот на државноста, во знак на сеќавање на заседанието на Националниот антифашистички совет на народното ослободување на БиХ (ЗАВНОБиХ) за време на Втората светска војна, во 1943 година во градот Мркоњиќ.

На тоа заседание, во резолуцијата е познатата изјава дека БиХ „не е ниту српска, ниту хрватска, ниту муслиманска, туку и српска, и хрватска и муслиманска“.

Во Федерацијата БиХ денеска е неработен ден, додека во Република Српска се работи. БиХ нема унифициран закон за празници на државно ниво, па празнувањата се разликуваат според ентитетските закони.

Во Република Српска, Денот на државноста не се признава, а властите од тој ентитет го празнуваат 21 ноември, денот на Дејтонскиот договор.

Според трите  важечки закони, во целата земја се слави само Нова година и Меѓународниот ден на трудот (1 мај). ссм/

фото: архива

Остани поврзан