• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Босилово ќе гради фекална канализација по модел на Гази Баба

Босилово ќе гради фекална канализација по модел на Гази Баба

Босилово, 10 април 2025 (МИА) - Општина Босилово ќе гради фекална канализација по модел од Гази Баба бидејќи изведување на канализација на традиционален начин не е можна заради специфичноста на теренот и проблемите со подземните води.

Ова го соопшти градоначалникот Ристо Манчев, кој заедно со претставници на Општината биле во посета на Општина Гази Баба, Скопје. Според него, целта на посетата била да се види како во пракса функционира фекална канализација со вакуум систем, наспроти традиционалниот гравитациски систем.

-Станува збор за модел, односно вакуум систем, кој не бара копање по 4 метри, туку цело време се турка водата со негативен притисок во цевките на длабочина од 1 до 1,5 метри. Голем број на земји од Европа, во рамничарски предели и места со високо ниво на подземни води, го имплементираат токму овој модел. Анализите и прибирањето искуство е во тек и до крајот на април да се распише тендер за изработка на техничка документација, а следната година да започне изградбата на фекална канализација во Босилово, објави Манчев.

Оваа година Босилово одвојува околу три милиони денари за изработка на комплетна техничка документација за фекална канализација во Општината. рт/мд/

Фото: Општина Босилово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан