• четврток, 26 декември 2024

Босанските лидери убедени се дека нема да има поделба на БиХ

Босанските лидери убедени се дека нема да има поделба на БиХ
Сараево, 19 октомври 2021 (МИА) - Највисоки претставници на Босна и Херцеговина денеска изјавија дека е сериозна политичката криза во земјата, но оти нема да доведе до драматични последици како што е поделбата на земјата, додека опозициските партии во Република Српска повторно испратија порака дека нема да го следат Милорад Додик. - Нема да има поделба на БиХ и не можам да предвидам што ќе прават политичарите, истакна претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ коментирајќи ги најавите дека Парламентот на РС ќе донесе закони со кои државните вооружени сили ќе бидат прогласени за нелегални до почетокот на ноември, а полициските агенции и судските органи ќе им забрани да работат во РС. Членот на Претседателството на БиХ, Додик најави и дека веднаш ќе формира своја армија и сите други агенции што ќе бидат еквивалентни на сегашните на државно ниво. - Изетбеговиќ посочи дека е охрабрувачки што опозициските партии во РС веќе објавија дека нема да ги следат идеите на владејачкото мнозинство предводено од Додик. Претседателот на парламентарната група на Српската демократска партија (СДА) во парламентот на РС, Миладин Станиќ потврди дека опозицијата нема да гласа за законите што Додик планира да ги испрати до Парламентот на РС. Тој додаде дека одлуки за промена на власта или улогата на кој било државен орган или агенција може да донесе само Парламентот на БиХ. - Покрај тоа, дали сте слушнале некој, на пример од Србија, да каже дека ќе ги поддржи плановите на Додик. Никој не го направи тоа, наведе Станиќ. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе го поддржи само она што е во согласност со уставот на БиХ. Членот на претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ акуелната криза во БиХ ја оцени како најсериозна од Дејтонскиот договор, особено затоа што постојат отворени закани и планови за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ, додавајќи оти верува дека тоа нема да се случи. - Верувам дека намалувањето на капацитетот на БиХ нема да биде дозволено, иако знаеме дека крајниот план на ретроградните сили е поделба на БиХ, но тие никогаш нема да успеат во тоа, потенцира Џаферовиќ. ми/

Остани поврзан