• среда, 25 декември 2024

Босанската полиција застрела мигрант кој пукаше кон полицајците

Босанската полиција застрела мигрант кој пукаше кон полицајците

Требиње, 20 август 2024 (МИА) - Босанската полиција застрела мигрант кој отвори оган врз полицајци од напуштена куќа во близина на градот Требиње во босанската Република Српска.

Полицијата во Требиње посочи дека лицето е убиено околу 23 часот по локално време.

Полицијата и жандармеријата вчера го опколија селото Зови До, каде засега непознато лице за кое се претпоставува дека е странец пукало од огнено оружје. Нема повредени полицајци, пренесе БТА.

Жителите на селото изјавиле дека лицето вчера рано утрото фрлило експлозивна направа врз локален жител. Нема информации за повредени. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан