• сабота, 23 ноември 2024

Борци на Боко Харам нападнаа село во североисточна Нигерија и убија најмалку 37 луѓе

Борци на Боко Харам нападнаа село во североисточна Нигерија и убија најмалку 37 луѓе

Маидагури, 3 септември 2024 (МИА) - Припадниците на исламистичката милитантна група Боко Харам се осомничени дека извршиле напад врз село во североисточна Нигерија со мотоцикли каде, при што отвориле оган врз луѓето на локалниот пазар и запалиле продавници и куќи, при што загинаа најмалку 37 луѓе, изјави воен претставник.

Селаните наведуваат дека бројот на жртви би можел да биде уште поголем бидејќи некои селани се уште се водат за исчезнати и се стравува дека загинале бегајќи од терористите во шумата, пренесуваат британските медиуми.

Нападот се случил во неделата попладне во селото Мафа, во државата Јобе, една од трите држави на првата линија на 15-годишниот конфликт во кој загинаа илјадници Нигеријци и раселени повеќе од два милиона лица.

Портпаролот на полицијата во Јобе, Дунгус Абдулкарим, рече дека нападот врз селото Мафа очигледно бил одмазда за убиството на двајца членови на Боко Харам од страна на локалната полиција.

-Откако пукаа на пазарот и ги запалија куќите, милитантите бркаа луѓе во шумата и ги убиваа. Терористите убија многу луѓе, но се уште не можеме да го утврдиме точниот број на жртви, рече Абдулкарим.

Воен функционер кој вчеравечер го придружуваше воениот командант на државата Јобе во селото Мафе рече дека на патот имало поставени нагазни мини кои нигериските воени сили успеале да ги деактивираат.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан