• сабота, 23 ноември 2024

Борут Пахор би сакал да биде специјален пратеник на ЕУ

Борут Пахор би сакал да биде специјален пратеник на ЕУ

Љубљана, 20 април 2024 (МИА) - Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор на крајот од меѓународната конференција за Западен Балкан во ЕУ повтори дека сака да се кандидира за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во разговорот со медиумите тој предупреди дека преговорите се запрени, а како што тврди, без продолжување на дијалогот нема да може да се обезбеди сигурна иднина за Србија и Косово.

Пахор на дводневната конференција „Пријатели на Западниот Балкан“ најави дека оптимизмот во однос на проширувањето на ЕУ во регионот се намалува, пренесува РТВ Словенија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан