• недела, 24 ноември 2024

Борусија потпиша со 16-годишниот Диало

Борусија потпиша со 16-годишниот Диало

Дортмунд, 5 јули 2023 (МИА) – Германскиот фудбалски вицешампион Борусија Дортмунд го ангажира напаѓачот Усман Диало од Алавес.

 

Шеснаесетгодишниот Шпанец со сенегалски корени потпиша договор со „Милионерите“ важност до 2026 година.

 

Диало првично ќе игра за младинскиот тим на Борусија Дортмунд каде за себе го зеде бројот 11.

 

Во досегашната кариера, Диало одигра 10 натпревари за шпанските репрезентации од различни возрасти и постигнати два гола. зс/

 

Фото: Фејсбук БД

Остани поврзан