• среда, 27 ноември 2024

Борусија нема шанси да го задржи Санчо

Борусија нема шанси да го задржи Санчо

Дортмунд, 11 јуни 2024 (МИА) - Германскиот прволигаш Борусија Дортмунд нема шанси да го задржи Џејден Санчо, објави Скај Германија. Англичанецот е во сопственост на Манчестер Јунајтед, но во последните месеци играше на заем во „жолто-црниот“ состав. Тој забележа 21 настап и постигна 3 гола, играјќи клучна улога во пласманот во финалето на Лигата на шампионите, кое Борусија го загуби со 2:0 од Реал Мадрид.

Добрите игри на офанзивниот фудбалер ја наведоа управата да побара негов трансфер со траен договор, но од „Олд Трафорд“ инсистираат на најмалку 80 милиони евра - пари кои се премногу за вицешампионот на најпрестижното клупско натпреварување. .

-Тие прават се за да го задржат Санчо, но шансите се минимални. Борусија сака да понуди опција за продолжување на позајмицата, но засега нема успех. Се зависи од тоа дали Ерик Тен Хаг ќе го напушти Јунајтед и дали новиот тренер сака да го зачува Санчо, велат од германскиот медиум.

Ова не е прв престој на Санчо во Борусија Дортмунд. Неговата кариера започна токму на „Сигнал Идуна Парк“, играјќи таму во периодот 2017-2021 година. Запиша 137 натпревари и постигна 50 голови. дс

Фото: Архива

Остани поврзан