Борусија Дортмунд до крајот на сезоната без Шлотербек
- Германскиот фудбалски репрезентативец и дефанзивец на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда, соопшти денеска бундеслигашот.

Дортмунд, 7 април 2025 (МИА) – Германскиот фудбалски репрезентативец и дефанзивец на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда, соопшти денеска бундеслигашот.
Клубот објави дека Шлотербек го скинал менискусот на левото колено.
„Отсуството на Нико многу нè погодува. Тој е многу важен дел од нашиот тим, потврдувајќи го тоа константно со добрите настапи оваа сезона. Се надеваме дека брзо ќе се врати во форма, а ние ќе го поддржиме максимално“, изјави спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.
Шлотербек оваа сезона забележа 37 настапи за Борусија во сите натпреварувања. ег
ФОТО: ЕПА