• среда, 25 декември 2024

Борис Тадиќ е позитивен на коронавирус

Борис Тадиќ е позитивен на коронавирус
Белград, 5 декември 2020 (МИА) - Лидерот на Социјадемократската партија и поранешен претседател на Србија, Борис Тадиќ објави дека е позитивен на коронавирусот. - Синоќа ги добив резултатите од тестот, кои покажуваат дека сум позитивен на Ковид-19. Затоа ги информирам сите со кои сум бил во директен или индиректен контакт. Почитувајте ги сите мерки за заштита и чувајте се себеси и другите, напиша Тадиќ на Твитер. гт/

Остани поврзан