• недела, 24 ноември 2024

Борисов: Советодавниот совет за национална безбедност свикан од Радев беше апсолутно непотребен

Борисов: Советодавниот совет за национална безбедност свикан од Радев беше апсолутно непотребен
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) - Советодавниот совет за национална безбедност, свикан од претседателот на Бугарија Румен Радев на тема Северна Македонија, беше апсолутно непотребен, бидејќи само ги потврди намерите запишани во Договорот за добрососедство уште од владата на ГЕРБ. Сепак, вистинската цел беше друга - Радев да покаже дека всушност тој управува. Ова, како што пренесуваат бугарските медиуми го изјавил на брифинг на ГЕРБ лидерот на партијата и поранешен премиер Бојко Борисов. - Сосема непотребен Советодавен совет за национална безбедност. Несвесен што му се случи вчера - претседателот Радев му ја одзеде секоја можност за маневри. „Затоа што, кога апсолутно сите партии се на истиот став, тие дури и во Парламентот нема како да бараат реакција, изјавил Борисов, коментирајќи ги постпаките на претседателот Радев. Зошто беше потребен овој Советодавен совет за национална безбедност, запраша Борисов, одговорајќи: „Сосема непотребно како одговорност, како државност, сосема непотребно како неопходност. Или со првата цел - да се покаже дека Претседателството е горниот дом на Парламентот и Претседателството ги намалува задачите на партиите, парламентот и владата“. Според Борисов, ништо суштински ново не било формулирано на седницата на Советодавен совет за национална безбедност, а што го нема во Договорот за добрососедство. аа/ац/

Остани поврзан