• петок, 27 декември 2024

Борисов побара оставки од тројца министри

Борисов побара оставки од тројца министри
Софија, 15 јули 2020 (МИА) - Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска побара оставки од министерот за финансии Владислав Горанов, министерот за внатрешни работи Младен Маринов и министерот за економија Емил Караниколов. Одлуката е донесена по состанокот меѓу лидерот на партијата ГЕРБ и бугарски премиер Бојко Борисов и регионалните координатори на партијата. За време на состанокот, координаторите на партијата побараа од Борисов да ги отстрани тројцата министри поради одбивање предлози, дека ГЕРБ и тројцата министри биле директно зависни од Движењето за права и слободи (ДПС) и пратеникот Делјан Пеевски. Според регионалните координатори, ГЕРБ незаслужено е критикуван поради шпекулациите во врска со ДПС. ГЕРБ наведува дека партијата високо го цени придонесот на министерот за финансии Владислав Горанов за прием на Бугарија во чекалната на Еврозоната и спроведената политика за финансиска стабилност. За време на средбата, е изразено високо мислење и за министерот за внатрешни работи Младен Маринов, под чие раководство МВР забележа добри резултати во борбата против шверцот, домашниот криминал и трговијата со луѓе и со дрога. Беше пофален и придонесот на министерот за економија Емил Караниколов во зголемувањето на странските инвестиции во Бугарија. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан