• среда, 27 ноември 2024

Борисов: Опција е и уставна влада

Борисов: Опција е и уставна влада

Софија, 19 мај 2023 (МИА) – Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека Марија Габриел ги има сите права да преговара и да носи одлуки, бидејќи ако следната недела ако нне се формира влада тогаш нема да има ниту буџет.

- Опција е и уставна влада, бидејќи за промена на Уставот се потребни најмалку 160 гласови, истакна Борисов.

Според него ако не се избере влада, државата во јуни нема да може да исплати плати и пензии.

- Не е само буџетот заложник, туку и Планот за закрепнување, Шенген, еврозоната и фондовите. Имаме толку многу проблеми кои во моментов се заложници на политичките игри. Од првиот ден зборувам за одговорност на сите партии, посочи Борисов. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан