• вторник, 24 декември 2024

Борисов: На 14 ноември се повтори сценариото од претходните избори во Бугарија одржани на 11 јули

Борисов: На 14 ноември се повтори сценариото од претходните избори во Бугарија одржани на 11 јули
Софија, 14 ноември 2021 (МИА) - Малата излезност за време на парламентарните и претседателските избори во Бугарија покажува тотален неуспех на преодната влада да ги одржи изборите, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, јави дописникот на МИА од Софија. Борисов истакна дека нема гласачко место каде машините за гласање не се расипале, каде немало проблеми. Тој истакна дека денешните избори ќе бидат запаметени по тоа како возрасна жена го јаде гласачкото ливче. Според Борисов на денеска се повторило сценариото од претходните избори во Бугарија на 11 јули, односно на сите анкети водство имала ГЕРБ, а потоа водството исчезнува. Пред тоа беше во корист на Има таков народ на Слави Трифонов, а денеска за Промената продолжува. - Она што го имаме одредува да бидеме првата политичка сила, истакна поранешниот премиер на Бугарија. нк/ми/

Остани поврзан