• вторник, 24 декември 2024

Бориславова: Нема закана за енергетската безбедност на Бугарија

Бориславова: Нема закана за енергетската безбедност на Бугарија
Софија, 26 април 2022 (МИА) - Не постои закана за енергетската безбедност на Бугарија, изјави вечерва Лена Бориславова, шеф на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бориславова нагласи дека бугарската Влада е подготвена со месеци со план за дејствување во ваква ситуација. -Обезбедени се алтернативни начини за испорака, нема причина за паника и за никакво стравување. Премиерот Кирил Петков и вицепремиерот Асен Василев се известени за ситуацијата, нема ризик за енергетската безбедност на Бугарија, истакна таа. „Газпром експорт“ од четврток ја стопира испораката на гас за Бугарија, а бугарскиот министер за енергетика Александар Николов за утре закажа прес-конференција во врска со оваа мерка. Бугарското Министерство за енергетика соопшти дека до овој момент во земјата не се воведуваат ограничувања за користење на гас. нк/ац/

Остани поврзан