Борец го совлада Вардар на отворањето на новата сезона од ПМФЛ
- Со натпреварот Вардар – Борец кој заврши со победа на гостите од Велес со 1:0, попладнево започна новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Стрелец на победничкиот погодок за Борец б
Скопје, 8 август 2020 (МИА) - Со натпреварот Вардар – Борец кој заврши со победа на гостите од Велес со 1:0, попладнево започна новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Стрелец на победничкиот погодок за Борец беше Никола Радовиќ уште во 2. минута.
Ова беше очекуван епилог со оглед на големите проблеми со кои се соочи Вардар по заминување на спонзорот Сергеј Самсоненко.
Натпреварот на празната Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје беше прв официјален во нашата држава по петмесечна пауза поради пандемијата на коронавирус.
Другите пет средби од воведното коло ќе се одиграат утре, двојките се:
Шкупи – Шкендија
Македонија Ѓ.П. – Работнички
Беласица – Силекс
Пелистер – Академија Пандев
Ренова – Струга. зс/